Нит ни го знаат Уставот, нит знаат што сакаат – освен да нè блокираат, коментира Богдан Илиевски за изјавата на шефицата на кабинетот на премиерот на Бугарија, Лена Бориславова, која нагласи дека „Бугарија не бара малцинство“ во земјата, туку „вклучување на Бугарите како државотворен народ во Уставот на Македонија, за да ги имаат сите права што ги уживаат другите народи“.

Македонскиот устав НЕМА малцинства. Во преамбулата стои „Граѓаните на Република Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“. Кога би ги додале и нив, Црногорците, Хрватите, Ескимите, жителите на Галапагос и нинџа-желките, би следеле после бошњачкиот народ и на нив би се однесувал текстот „дел од … бугарскиот народ, жителите на Галапагос и нинџа желките“.
Ама шефицата на кабинет на Петков сакала да е вклучена не како малцинство, туку како државотворна. Што ме враќа на насловот на овој текст. Нит ни го знаат Уставот, нит знаат што сакаат – освен да нè блокираат. Тоа им е целта сама по себе.
Тупи. И. Упорити, порача Илиевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.