На 28 и 30 април во Македонскиот народен театар ќе се одржи јубилејното петнаесетто издание на Интернационалниот фестивал на пантомима и физички театар – ПАНФИЗ 2022.

На отворањето ќе биде изведена македонската продукција на претставата „Некое друго време“, специјално подготвена за ова јубилејно издание.

Влезот за претставите во рамките на фестивалот е бесплатен, а влезници може да се подигнат на билетарницата на МНТ секој ден од 14 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.