За Бугарија нашиот јазик е само западна норма на бугарскиот јазик која важи само во рамките на границите на Македонија, без своја историја, вели проф. Елка Јачева Улчар од Институтот за македонски јазик за „Утрински брифинг“.

Многу малку се инвестира во македонскиот јазик, државата потфрли. Од над 20 лекторати во Европа и светот пред осамостојувањето, сега се сведовме на 8.

За нашиот јазик, линвистите велат дека е јазик кој има словенска лексика, но балканска граматика. Македонскиот јазик влегува во т.н Балкански јазичен сојуз, во кој покрај нашиот јазик влегуваат уште и бугарскиот, албанскиот романскиот, грчкиот и турскиот. Од сите овие јазици имаме создадено голем број граматички конструкции, чиешто жариште е лоцирано во југозападна Македонија и оттука се шират кон сите други балкански земји, изјави проф. д-р Елка Јачева Улчар од Институтот за македонски јазик.

Научниците, балканистите кои се занимаваат со проучувањето на овие јазици, велат дека македонскиот е еден од најбалканските јазици во оваа група на јазици, додава таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.