Ако го потпишал и го стопира штрајкот, тогаш учители најдете си нов синдикат, вели актерот Сашо Тасевски за Јаким Неделков, откако денеска стотици наставници и воспитувачи дојдоа пред седиштето на СОНК да протестираат против договорените 12% покачување.

Примив точно 134 пораки од бесни учители од покачувањето понудено од банкротираната влада.
Ако Сонк го прифатил, тогаш во чие име го прифатил?
Ако го потпишал и го стопира штрајкот, тогаш учители најдете си нов синдикат.
Оти овој мириса на загорен грав.
И како јаготка на шлагот, владата ќе се задолжи за верувале или не, МИЛИЈАРДА евра.
Така Таче на Заев го замислува економскиот раст.
Доста лажете.
Излезе вратата од шарки.
Капут.
Нема држава. Аш, порача Тасевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.