Силен земјотрес синоќа ја погоди БиХ, а Елмира Сефо (28) починала откако била донесена од Столац во тешка состојба.

Ова од Кантоналната болница го потврди д-р Сафет Мујиќ за порталот Аваз.

Според извештаите, девојката била донесена во болница без пулс, притисок и практично без знаци на живот. И покрај напорите на лекарите, реанимацијата не успеала во амбулантата или во болницата.

Нејзините родители и сестра се полесно повредени. Огромна карпа паднала врз нивната куќа во населбата Кукавац.

Како што јавува репортерот на „Аваз“ од местото на настанот, пред болницата се собрале роднините на семејството и медицинскиот персонал. Сите се во шок, занемени од тага.

Молитвите за покојниците ги преплавија и социјалните мрежи. Еден од најпознатите босански инфлуенсери, Недим Ботиќ, ја напиша најтрогателната посвета, која доби стотици споделувања и коментари, пишува monitor.mk. Тој го опиша последниот ден на Елмира дека таа постела во петок, служела ифтар (вечера) во џамија на тие што постеле, се клањала и го загубила животот во земјотресот.

Земјотресот беше почувствуван низ целата земја во Сараево, Мостар, Зеница, Требиње, Билеќа, Столац, Љубиње… Бројни граѓани на Требиње, Зеница и Сараево истрчаа на улиците.

Од силината на земјотресот се се тресело речиси една минута, а граѓаните кои живеат на повисоките катови пријавиле дека паѓале работи врз нив.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.