Појадокот е најважниот оброк и токму затоа треба добро да внимавате што јадете наутро. Меѓу честите намирници што може да се најдат на трпезата има и такви што нанесуваат повеќе штета одошто корист и треба да ги исфрлите од листата на утрински оброци.

Сланина
Содржи висок процент на заситени масти и холестерол и често е многу процесирана со нитрати, од кои може да се јави главоболка.

Печива со сирење или путер
Ова се празни јаглехидрати со многу ниски нутритивни вредности и не содржат речиси воопшто влакна, протеини, цели житарки и слично.

Енергетски плочки
Што се однесува до шеќерот и калориите, енергетската плочка е исто како да јадете чоколадо за појадок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.