Британскиот министер за полиција, Кит Малтхаус, изјави дека Велика Британија би можела да воведе санкции за руски војници и генерали осомничени дека извршиле наводни воени злосторства во Украина.

Во изјава за „Скај њуз“, Малтхаус рече дека е важно доказите за наводните злосторства да бидат собрани што е можно повнимателно додека конфликтот продолжува.

Додека ова е во тек, можеме да воведеме мерки на домашно ниво за санкции што можеме да ги наметнеме на поединци, вклучително и борци, генерали и други вклучени, за да навестиме дека ја признаваме нивната улога во овој ужасен напад врз слободна демократска земја – изјави Малтхаус, пренесе „Гардијан“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.