Во последниот извештај на британското министерство за одбрана за состојбата во Украина, базиран на разузнавачки податоци, се наведува дека практично целиот север на земјата е под контрола на украинските сили, а борбите се уште траат само во две области долж границата со Белорусија.

Украинците во текот на викендот објавија дека вратиле под контрола големи области северно, североисточно и северозападно од Киев, а Британците соодветно ја ажурирале картата.

Така, на новата карта објавена од британското Министерство за одбрана, покажува Русите од Киев и неговата околина се повлекле на границата со Белорусија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.