Министерството за одбрана на Руската Федерација соопшти дека украинската армија неуспешно се обидела со хеликоптери Ми-8 да евакуира двајца команданти на националистичкиот баталјон „Азов“ од опколениот Мариупол.

Во соборените авиони наводно загинале 14 лица, додека двајца преживеале – ветеран од баталјонот „Азов“ и еден разузнавач. Двајцата се заробени од руските војници.

Од Доњецката народна република (ДНР) објавија дека еден од двата соборени украински хеликоптери бил соборен со мобилна противвоздушна ракета „Стингер“, што силите на ДПР го заплениле за време на нападот на Мариупол.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.