Во Центарот за култура „Бели мугри ” – Кочани, со почеток од 18:30 часот ќе се одржи изложба на делата од триесет и петатта ликовна колонија насловена „Св. Јоаким Осоговски“.

Петти септември 1987 година означува нова страница во културната историја на манастирот „Св.Јоаким Осоговски“ и на Крива Паланка. Тогаш идејата за содржинско осмислување на ревитализацијата на манастирските конаци се оствари преку основањето на ликовната колонија „Свети Јоаким Осоговски“, според идејата на големиот македонски сликар и прв декан на нашата Ликовна академија. Овој чин во пракса значеше возобновување на скоро десетвековната традиција на манастирот како духовен, културно-просветен центар. Со одлука на Митрополитот Кирил, колонијата беше основана.

За кратко време колонијата заедно со Струмичката и Прилепската стана една од најпрепознатливите ликовни работилници во нашата земја чие основно мото е да ја негува слободата на духот и ликовното творештво.

За 36 години од постоењето во нејзината работа учествувале над 350 ликовни творци од сите континенти кои оставиле впечатливи и уникатни дела во манастирската збирка кои го носат печатот и особеностите на културата на земјите од кои доаѓаат уметниците. Делата од колонијата се изложени во манастирот со постојана поставка, низ институциите во градот, а се подарени слики на републичките институции и Музејот за современа уметност во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.