Според претседателот на групата ЛРЕМ (Републиката во Марп) во Националното собрание на Франција, само триесетина парламентарци не сакаат повторно да се кандидираат на претстојните парламентарни избори, јави дописникот н МИА.

Првиот круг од претседателските избори се уште не е одржан, но партиите веќе размислуваат за парламентарните избори. Претседателот на групата ЛРЕМ, Кристоф Кастанер посочи дека 80 отсто од пратениците на претседателската партија повторно ќе бидат кандидати.

Околу триесетина парламентарци од мојата група ми кажаа дека не сакаат повторно да се кандидираат. Можеби неколку ќе го направат тоа – изјави претседателот на групата ЛРЕМ при Националното собрание.

Тој притоа додаде дека „повеќето“ од пратениците „сакаат да ја продолжат борбата“. Прашан за можноста за распуштање на Собранието за да се организираат предвремени парламентарни избори, Кристоф Кастанер изјави дека тоа „нему му се чини дека е релевантно“.

Мислам дека тоа е во доменот на гласините – изјави тој.

Три недели пред првиот круг од претседателските избори и додека тежи заканата за рекордна неизлезеност, Кристоф Кастанер уверува дека „овие избори не се завршени“.

Никогаш не се добиени однапред. Би било политичка грешка да се верува дека е и етичка грешка: да им се каже на Французите: „Циркулирајте, нема што да се види“, тоа секогаш е грешка – изјави Кастанер .



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.