Легендарниот шведски бенд „АББА“ објави нов спот со стхови за нивниот хит „Чикитита“ (Chiquitita). Песната, инаку, е водечки сингл од албумот „Вуле-ву“ (Voulez-Vous) од 1979 година и е една од најуспешните во историјата на бендот.

„Чикитита“ е еден од ретките синглови на „АББА“ објавени без посебен видеоспот.

За видеото е користена телевизиска верзија на песната, снимена од „Би-Би-Си“ во Швајцарија, во 1979 година. Во него бендот ја изведува песната на планинска падина со снешко во позадината.

„АББА“ неодамна повторно се обединија за да го издадат „Војаж“ (Voyage) – деветтиот студиски албум на бендот и прв по 40 години. Најавено е и ново концертно искуство со нивните дигитални аватари, придружени од бенд во живо. Првиот концерт ќе се одржи на 27 мај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.