Претставниците на царинските управи на Грција, Македонија и Србија денеска имаа средба на која разговараа за потенцијалот на SEED – клучниот систем за имплементирање на зелените коридори. Константинос Муртидис, генерален директор на грчката Царинска и акцизна управа, Славица Кутиров, директорка на Царинската управа на Република Македонија и Душко Маринковиќ, в.д. заменик-директор на српската Царинска управа се сретнаа на граничниот премин Прешево-Табановце на која заеднички го дискутираа потенцијалот на систематската електронска размена на податоци (SEED) која функционира во Западен Балкан. Иницијатори на оваа посета се Транспортната заедница и Секретаријатот на ЦЕФТА.

Средбата со Константинос Муртидис и претставниците на грчката Царинска управа е важен чекор за приближување на членките на ЦЕФТА кон ЕУ и ширење на добри практики, како што се Зелените коридори/ ленти, не само во рамките на ЦЕФТА, каде од почетокот на пандемијата приближно 2 милиони камиони ја имаат искористено оваа иницијатива, туку и на граничните премини кон ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.