Руската армија тврди дека има докази за вмешаност на Пентагон во финансирање на воено-биолошки проекти во Украина.

– Руската армија доби докази во форма на документи, што потврдуваат дека Пентагон е вклучен во финансирање на воено-биолошки проекти во Украина – изјави денеска началникот на руските сили за радијациска, хемиска и биолошка заштита. Веруваме дека се создадени компоненти на биолошко оружје во Украина, Игор Кирилов.

Тој покажа документ од 6 март 2015 година, со кој, според неговите тврдења, се потврдува „директната вмешаност на Пентагон во финансирање на воено-биолошки проекти во Украина“.

Кирилов наведува дека „руските сили поседуваат и документи што потврдуваат дека биолошки примероци од Украина им биле предадени на трети земји, меѓу кои Германија, Велика Британија и Грузија“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.