„Русија ѝ нуди на Украина апсолутно прифатлива верзија на договорот, јас сигурно знам“, рече претседателот на Белорусија Александар Лукашенко , истакнувајќи дека сепак е можно Зеленски да потпише договор со Путин.

„Доколку Зеленски одбие да го стори тоа, тогаш верувајте ми, за кратко време ќе мора да потпише чин на капитулација“, рече Лукашенко.

Белорускиот претседател порача дека Русија „нема да ја изгуби оваа војна“.

„Убеден сум дека овој конфликт, руската операција, наскоро ќе заврши во мир – рече Лукашенко.

Тој нагласи дека Западот нема да ја вклучи Белорусија во овој конфликт, пренесува руската новинска агенција ТАСС.

„Убеден сум дека нема да мора да се бориме со Украина. Западот нема да не вовлече во овој конфликт.“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.