Бугарскиот премиер, Кирил Петков, денеска изјави дека владејачката коалиција е стабилна.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков истакна дека БСП направила голем чекор со усвојувањето на санкциите против Русија, со оглед на големиот број поддржувачи на оваа земја во редовите на нивната партија.

Петков се заблагодари на БСП што ја разликува љубовта кон Русија, што ја споделуваат многу од нивните гласачи, од санкциите поради војната во Украина.

Од друга страна, има безрезервна поддршка за хуманитарната помош, внесуваме камиони со лекови.

Бугарија е една од земјите кои ја поддржуваат Украина, нагласи Петков.

Бугарскиот премиер изјави дека не е подготвен да ја смени БСП во владејачката коалиција со ГЕРБ и ДПС.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.