Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закон според кој секој соработник на „државата агресор – Русија“ може заврши во затвор, информира првиот заменик-претседател на Врховната рада (парламентот) на Украина, Александар Корниенко, за телевизискиот канал Украина 24.

Корниенко додаде дека околу 20 пратеници во украинскиот парламент, кои ја напуштија земјата на почетокот од рускиот напад врз Украина, според него, поради соработка со Русија, треба да бидат осудени на максимална казна, предвидена со новиот закон.

Во јануари 2015 година, нецела година по анексијата на Крим, украинските власти официјално ја прогласија Руската Федерација за држава агресор, а парламентот на 3 март ги усвои законите, со што се смени Кривичниот законик во земјата.

Според првиот документ, се воведува затворска казна за соработка со државата агресор до 15 години. Другиот, пак, овозможува затворање политички партии, како и правни лица, поврзани со осудени според првиот закон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.