Прим. д-р Жаклина Шопова од Инфективната клиника во објава на својот фејсбук профил констатира дека секторот здравство кај нас функционира со донации, во соседна Србија се изгради и опреми Клинички центар.

Во оваа здравствена криза и кај претходниот и кај овој Министер за здравство, функционирањето на здравствениот систем е сведено на донации: 1.донирана заштитна опрема, 2.донирани дезинфециенси, 3.донирани лекови, 4.донирани апарати- иако јас незнам дали пристигнаа ветените респиратори, а ако пристигна , Филипче никогаш не кажа каде се лоцирани!? 5.донирани вакцини …и мн.други работи…пишува таа.

Шопова најновата донација од социјално економскиот гранд на Јапонија, нова медицинска опрема за третман на пациентите со пост ковид, ја оцени како добредојдена, но истовремено го запраша министерот Сали:

-1.Каде ќе се лекуваат овие пациенти со пост ковид

2. Дали имате изготвено протоколи за овие пациенти

3. Дали имате обезбедено се што е во тие протоколи за секој еден пациент , за да ви биде протоколот валиден, а не само прилепен на сајтот

4. Дали знаете кој од која специјалност, ќе ги лекува

5. Дали имате изготвено насоки како ќе се упатуваат овие пациенти, за да не се препраќаат од институција до институција, за да нема незадоволни пациенти, матични лекари, специјлисти…- праша д-р Шопова.

Прашањата остануваат отворени, сега за сега!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.