Профункционира „зелениот” хуманитарен коридор од Мариупол, објави на својата фејсбук-страница заменик-градоначалникот на тој град Петрор Андјушенко.

Колони автомобили излегуваат од градот и се движат во правец на Запорожје, каде што е организирана прва помош.

Андрјушенко напиша дека според ситуацијата во 12 часот, де факто се почитува режимот на прекин на огнот и дека автомобилите без проблем ги минуваат контролните пунктови.

До 12 часот повеќе од 160 цивилни автомобили успеале да излезат од опколениот југоисточен украински град по хуманитарната рута за евакуација, соопштија градските власти.

Коридорот е за приватни автомобили и оди преку Бердјанск кон Мариупол.

Според него, ова е единствениот усогласен хуманитарен коридор во моментов. Сепак, тој додаде дека локалните власти не можат целосно да ја гарантираат безбедноста на оваа рута.

Жестоките бомбардирања во Мариупол оставија околу 400.000 жители без проточна вода, греење и храна.

Повеќе од 2.100 жители на градот се убиени во руската инвазија, според градските власти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.