Во вечерашната емисија ,,Што не е јасно” која се емитува на ТВ Алфа, гостин беше Маја Кадиевска – Војновиќ, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и говореше за мерките на владата кои се мерки за граѓаните да не ги почувствуваат.

Кадиевска-Војновиќ рече дека се случија дежа ву ситуација, мислејќи на корона-кризата бидејќи и тогаш, владата донела седум пакет-мерки за кои велеле дека нивната вредност е 1 милијарда евра. Но, за волја на вистината како што вели, се реализирале само една третина од тоа и најголем дел од мерките.

Што направија тие мерки, колку ја стабилизираа македонската економија во таа прва пандемиска кризна година? Владата иницијално очекуваше дека ние ќе бидеме погодени од пандемијата меѓутоа, имајќи предвид дека ние не сме држава која базира на туризмот, а туризам како гранка беше најпогодена во сите држави и оценија дека кај нас падот ќе биде 3,5% првично.Првата проценка на БДП за 2020 година Државниот завод за статистика ја даде 4,5% пад на БДП, за да со најновата оценка која е најпрецизна да видиме дека ние дефакто сме имале рецесија од 6,1% што е двојно повисоко од интерниот конфликт. Значи, во 2001 година со интерен воен конфликт во Македонија ние сме оствариле тогаш пад од 3,1% а сега остваруваме 6,1%. Тоа е двојно повисок пад. – рече Кадиевска-Војновиќ.

Таа додаде дека сме доживеале длабока рецесија и не сме успеале да ја стабилизираме економијата, за разлика од Србија на пример, која има намалување на БДП за 0,9% во 2020 година, Албанија 3,3 и ние со Црна Гора, која базира на туризам сме најлоши.

Не гледам успешност дека во овие две пандемиски години вработија 14.000 луѓе во јавен сектор. Тоа не е успешност, треба да се креираат работни места во приватен сектор. И сега доаѓаме до периодот на почеток на инфлација, на почеток на можна енергетска криза во Европа и паметам дека минатата година, некаде на средина на годината, тековните претставници од владата ни кажуваат дека сѐ е под контрола, не се секирајте за инфлацијата, не се секирајте за енергетската криза, спремни сме, меѓутоа на крајот не испадна така. Граѓаните се свесни, сите сме свесни и она што јас го напишав како 5 домашни фактори, на сите ни е јасно дека најголем дел од инфлацијата е увезена. Значи јасно ни е дека немаме нафта и увезуваме, какви се цените на светските берзи такви ќе бидат и дома. Увезуваме храна, иако сме земјоделска држава ние имаме суфицит во земјоделие меѓутоа голем дел од производите ги увезуваме. Сите знаеме дека еден сегмент е увезен, меѓутоа еден сегмент и домашно го создадовме. Еден од факторите е она ниско домашно производство на електрична енергија кое имаме голем увоз но сега тој увоз е по скапи цени. Ние го почувстувавме тој удар преку пари преку пари што ги плати буџетот – додаде Кадиевска Војновиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.