Во кое својство поранешниот премиер Зоран Заев оствари средба со бугарскиот премиер, Кирил Петков во Истанбул, прашува опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако Заев вчера објави дека заедно со поранешниот министер за здравство, Венко Филипче присуствувале на Форумот за дипломатија во Анталија.

Што договараше зад затворени врати со оглед на тоа дека Владата на Македонија го држи целиот процес зад затворени врати. Дали премиерот во сенка Заев, се сретна со Петков, затоа што пиунот Ковачевски не си ја врши добро работата? Да потсетиме дека Ковачевски одбива национално единство во Македонија однос на прашањето со Бугарија, и се уште нема став за тоа дали ќе побара писмени гаранции за историјата, јазикот и идентитетот на Македонија, наведе ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.