Републиканскиот конгресмен од Северна Каролина, Медисон Кауторн, на јавен собир изјави дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски е насилник и дека украинската влада е „зла“ и корумпирана.

Запамтете дека Зелнски е насилник. Запамтете дека украинската влада е неверојатно корумпирана и неверојатно зла и турка извитоперена идеологија – вели Коуторн на снимката што ја објавија голем број американски медиуми.

По објавувањетона оваа снимка, во текст објавен во „Волстрит журнал“, поранешниот заменик на Белата куќа, Карл Роув изјави дека изнесените ставови на Кауторн во градското собрабие во Ешвил „не го одразуваат мислењето на републиканците“.

Кауторн беше еден од 17 претставници во Конгресот, коишто гласаа против забраната заузов на руска нафта, како дела од санкциите за казна против Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.