Mинистерот за економија Бектеши упати апел до граѓаните да купуваат согласно нивните потреби и доколку забележат празни рафтови во маркетите да пријават на 191 за да постапуваат инспекторите.

На новинарско прашање, околу разговорите со трговците од кванташки пазар и информациите за укинување или менување на маржата на овошјето и зелечукот Бектеши рече дека маржите нема да се сменат.

– Ќе се донесе одлука за укинување само тогаш кога ќе се примети дека има намалување на одредени цени. Ако има намалување на цените на овошје и зеленчук секако дека ќе ја укинеме одлуката. Во случај ако има зголемување ќе има дополнителни мерки, одговори тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.