Американскиот претседател, Џо Бајден, ја осуди руската воена операција во Украина.

Молитвите на целиот свет се со народот на Украина вечерва, бидејќи тие трпат неиспровоциран и неоправдан напад од руските воени сили. Претседателот Путин избра војна со предумисла која ќе донесе катастрофални загуби на животи и човечко страдање. Само Русија е одговорна за смртта и уништувањето што ќе ги донесе овој напад, а САД и нивните сојузници и партнери ќе одговорат на обединет и решителен начин – се вели во соопштението на Бајден.

Американскиот претседател додава дека светот ќе ја повика Русија на одговорност, како и дека сојузниците од НАТО ќе бидат координирани за да се осигура силен и обединет одговор што ќе одврати агресија против Алијансата.

Бајден најави дека има договорено итна средба со лидерите од Г-7 и дека потоа ќе се обрати до американскиот народ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.