Независниот кандидат за градоначалник на Општина Кичево на изминатите избори, воедно и внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети, Фатмир Лимани во „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека членови, односно тесната структура на ДУИ направиле милиони, а во наредниот период ќе презентира и докази.

„Од каде е сето тоа богатство. Од каде сите тие пари. Знаеме кои беа до вчера. Знаеме во какви услови сме живееле и во период од 20 години со плати од 1000-700 евра направија милиони? Од каде? Дали сте слушнале шофер да има куќа вредна милион? Логично дали може да има? Доколку куќата чини 500-600 илјади евра, тогаш тој треба да биде милионер. Како тоа може да го направи некој со 600 евра кога е сиромашен“, вели Лимани.

Лимани оди дотаму што тврди дека окколу 80 проценти од членовите на ДУИ се милионери

Главна цел зошто ДУИ сака да остане на власт под секоја цена се личните придобивки од кои станале милионери, вели Лимани, кој неодамна стана член на Беса.

Во врска со овие тврдења Лимани вели дека тие ќе ги документира и со видеа. Тој исто така ја обвини ДУИ дека ја заборавила својата генеза, а актуелната ДУИ нема никаква врска со убедувањата и целите на почетната структура. Како резултат на тоа, според него, над 200 војници преминале во Беса.

Јас имав средби со војниците, веднаш штом излегов и преминав кај Движење Беса. Имаше иницијатива да се сретнам со 50 војници. Знаете колку дојдоа? Над 220. Јас мислев дека нема да дојдат ниту 50! Се поставува прашањето зошто 220, 230 војници? Која е причината поради која и тие преминаа во Движење Беса, рече Лимани.

Лимани нагласи и дека се деградирани главните фигури на ОНА кои биле дел од првичната структура на ДУИ, а веќе не се, како Садула Дураку, Хазби Лика, Фазли Велиу и Муса Џафери.

Меѓу другото, претходно го обвини и лидерот на ДУИ Али Ахмети дека е диктатор кој е 20 години на власт.

„Никаде во Европа нема таков пример“, рече Лимани.

Како што е познато пред извесно време, односно по локалните избори Лимани одлучи да се приклучи на Беса.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.