Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска  жестоко го обвини својот наследник Џо Бајден за лошо управување со украинската криза и излезе со тврдење дека Владимир Путин „никогаш немаше да постапи вака“ доколку тој и денеска беше во Белата куќа.

Доколку се управуваше правилно, нема апсолутно никаква причина воопшто да се случи тоа што денеска го гледаме – рече поранешниот американски претседател.

Добро го познавам Владимир Путин и никогаш не би го направил тоа што го прави сега за време на администрацијата на Трамп. Не доаѓа предвид! – рече Трамп коментирајќи ја наредбата на рускиот претседател за распоредување руски војници во двата сепаратистички региона од источна Украина.

Американската опозиција ја критикуваше блискоста на Трамп, за време на неговиот мандат, со претседателот Путин.

Американскиот милијардер кој размислува за повторна кандидатура за Белата куќа оцени дека „се слаби“ санкциите што ги воведе администрацијата на Бајден против Путин за блиски до него поединци и организации.

Тие се незначителни кога се споредуваат со окупацијата на една земја или стратешки области – рече тој.

Не само што Путин го постигнува тоа што отсекогаш го сакал, туку и станува побогат благодарение на зголемените цени на нафтата и гасот – додаде поранешниот американски претседател.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.