Рускиот претседател Владимир Путин се обрати кон нацијата коментирајќи ја актуелната ситуација со Украина.

Тој посочи дека Договорот од Минск повеќе не постои и дека нема што да се исполни.

Како што рече, Русија ќе разговара со владите на одвоените територии.

Путин потврди дека е добиена дозвола за испраќање на војска надвор од границите на Русија, што значи дека и воено ќе им помогнат на тие републики. Сепак, како што истакна, руските војници нема веднаш ќе заминат во Донбас.

Тој рече дека разговарал со западните земји и со ЕУ.

Луѓето кои живеат во Севастопољ самите одлучија, неколку пати прашав како е тоа поразлично во однос на Косово“, рече тој.

Како што наведе, никој со пиштол не ги принудувал луѓето на истокот на Украина да ја напуштат таа територија, туку самите одлучиле.

Претседателот на Русија рече дека најдобро решение би било Киев да одбие да влезе во НАТО и да се придржува до неутралноста.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.