Според пораките кои доаѓаат од Минхен, заклучив дека повторно на мала врата ќе се бутка истата игра како за промената на уставното име на Македонија, рече синоќа во дневникот на Сител претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, зборувајќи за спорот со Бугарија.

Секој оној што ќе биде против едностраниот договор, за кој очекувам дека ќе биде драматично нарушување националните интереси и удар врз идентитетот, ќе биде идентификуван како анти ЕУ, а сите оние кои ќе бидат за договорот, Владата и коалиционите партнери, ќе бидат идентификувани како про ЕУ, вели Мицкоски, кој предвидува дека повторно ќе следува истото сценарио на притисок врз пратеници и омаловажување на законодавниот дом.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.