Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба ги повика шефовите на дипломатиите на Шведска Ан Линде, на Полска Збигњев Рау и на Македонија Бујар Османи итно да ја посетат Украина за утврдување на фактите во рамките на механизмот за рано предупредување на ОБСЕ.

-Ја поканувам тројката на ОБСЕ, Ан Линде, Збигњев Рау и Бујар Османи, да оствари итна посета на Украина за утврдување на фактите во рамките на механизмот за рано предупредување, активиран од страна на генералниот секретар на ОБСЕ Хелга Шмид, минатата недела, напиша Дмитро Кулеба на Твитер.

Тројката на ОБСЕ ја сочинуваат актуелниот претседавач (Полска – 2022), претходниот (Шведска – 2021) и идниот (Македонија – 2023).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.