Министерството за внатрешни работи вчера спровело зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 306 возачи.

Од нив 13 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 169 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 137 надвор од населено место – информираат од МВР.

Оттаму велат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.