Здравствен работник е осуден на доживотен затвор откако бил фатен како силува 99-годишна жена која боледува од деменција, додека нејзиното семејство беспомошно го следело злосторството преку скриена камера поставена во нејзината соба, пренесува „Дејли мејл“. Филип Кери (48) признал дека ја нападнал жената во домот за стари лица во Блекпул, Англија.

Семејството на жртвата поставило камера во нејзината соба бидејќи се грижеле за нејзината благосостојба, откако нејзиното однесување наеднаш се променило. Таа не дозволувала веќе никој да ја допира, а роднините кои ќе дојделе да ја посетат ги молела да не ја оставаат сама.

Не ме оставајте, ќе ме повреди, им велела таа.

Семејството тогаш поставило тајна камера во нејзината соба за да се обиде да открие што ѝ предизвикало толку голем страв, но на нивен ужас го виделе Кери како влегува во собата и ја силува. Веднаш повикале полиција која го уапсила Кери. Тој пред судот ја призна вината откако обвинителите прикажаа форензички докази и снимки од камерите.

Кери ја злоупотреби својата положба и таргетираше ранлива жена за која требаше да се грижи. Благодарна сум на семејството на жртвата кое покажа голема сила за време на судењето. Се надевам дека денешната пресуда ќе им пружи утеха, рече обвинителката Софи Роздолскиј по неговата пресуда.

Кери беше осуден на доживотен затвор, а мора да одлежи минимум 10 години пред да може да побара помилување.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.