Марко Марковиќ, познат како GP, објави дека повеќе нема да снима видеа за YouTube. Марко посочи дека чувствувал преголем притисок бидејќи не можел да престигнува истовремено да создава квалитетни видеа и да биде посветен на студиите на ФИНКИ.

На 31 декември се разбудив со плачење – вели тој на почетокот на видеото. Си ја зафрквав Нова година, толку ја чекав. Единствената трошка надеж и среќа во ова проклето време со корона. Си ја зафркнав Новата година зашто целото ова време, сите овие години јас сфатив дека живеам за туѓа среќа. Мене ме исполнува тоа што фановите за коишто снимам ги правам среќни, но прашајте ја мајка ми дома, или татко ми. Вие не ме ни знаете во светлото во кое сум дома, колку се нервирам и колку е стресно, колку време ми одземало снимањето. Вие не знаете колку несреќен сум бил на сметка на видеата што јас сум ги правел. И на Нова година ме удри тоа повеќе од било кога. Јас станувам плачејќи дека немам ни почнато со едитирање на новогодишното видео. Не може јас таква тортура психичлка да си правам. Нема да навлегувам. Знам каква етикета ќе добијам ако случајно ако нешто зборуваш ментално. Знам дека по овој чекор ќе почнам да се враќам во нормала. Но, дека YouTube ме поремети со целиот стрес временски и од публика. Многу лошо ми влијаеше“ – признава GP.

Се осеќам како животно во зоолошка кога ќе излезам надвор што секогаш мора да е спремно за слика. Некогаш сум излегол до продавница несреден. Не знаете колку лошо тоа влијае на анксионоста. Цело време гледаш некој да не сака да се слика. Не смеам да одбијам, морам да се сликам. Порано да не ме познаат за да избегнам слика. Еднаш во ВЦ ме застанаа да се сликаме. Кај и да си. Многу е дехуманизирачко. Како што вие сте луѓе, и сакате некогаш да не ве замара никој, така и јас сум човек.“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.