Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на ковид-19.

Сакам да ве информирам дека по резултатите добиени од тестирањето , сум позитивен на Ковид-19. Врз основа на препораките на Министерството за здравство, ќе ги почитувам препораките против КОВИД со самоизолирање. Во овој период моите должности како градоначалник на Тетово ќе ги извршувам од дома. Ве повикувам сите да носите маска и да се грижите за вашето здравје!, напиша Касами.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.