Со примена на строги протоколи, проветрување и изолација на симптоматските случаи, но со инсистирање на физичко присуство на учениците во училиштата сакаме најмалку да наштетиме на психофизичкиот развој на децата, вели новоназначениот претседател на Комисијата за заштита од заразни болести, д-р. Александар Петличковски.

Како што кажа тој, скринингот на учениците ќе се спроведува со брзи тестови.

Се размислува скринингот да биде со брзи тестови, кои не се премногу, но имаме на располагање околу 20.000 тестови и ќе биде на случаен избор со цел да ја видиме вкупната застапеност на вирусот кај овие старосни групи, рече д-р Петличковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.