Владата на Република Македонија денеска, 1.2.2022 година (вторник) ќе ја одржи редовната 10-та седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните, соопштија од владината прес служба.

Според предложениот дневен ред, на денешната седница ќе се најде Извештајот за извршени преговори за усогласување на Договорот меѓу Република Македонија и Европската Унија за учество на Македонија во Програмата на Унијата Фискалис за периодот 2021-2027 година.

Меѓу другото, на предлог на Министерството за финансии, на денешната седница министрите ќе го разгледуваат и Предлог-законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам.

Министрите во Владата на оваа седница ќе ја разгледаат и Информацијата за приемот на Република Македонија во полноправно членство во Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот-ИХРА.

За заклучоците и одлуките од денешната владина седница, со почеток во 14:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување, стои во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.