Предводени од извонредниот Крис Пол кој забележа 20 поени, 19 асистенции и осум скокови, Феникс санс го совладаа Сан Антонио спарс со 115:110. Со овој триумф, „сонцата“ се првиот тим кој дојде до 40 победи во сезона.

Одлична партија за Феникс пружија и Девин Букер со 28 и Микел Бриџис со рекордни сезонава 26 поени. За Феникс ова е десетта победа во серија.

Со скор 40-9, Феникс е екипата со најдобар скор во НБА лигата и е лидер на Западот, Голден стејт има биланс 37-13, трет е Мемфис со 35-17.

Во Источната конференција води Мајами со ефект 32-18, пред Чикаго 31-18 i Филаделфија со 30-19.

Резултати од останатите натпревари:

Атланта – ЛА Лејкерс  129:121

Шарлот – ЛА Клиперс  90:115

Чикаго – Портланд  130:116

Детроит – Кливленд  115:105

Орландо – Далас  110:108

Милвоки – Денвер  100:136

Минесота – Јута  126:106



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.