Вартан Кочјан од област во близината на Сочи убил двајца извршители откако дошле да го отселат неговото семејство. Според медиумите, по двократното убиство Русинот сам се предал, а навел дека од властите ја бранел земјата која ја наследил од родителите.

Имено, наведеното земјиште и објектите биле предвидени за рушење и наводно судот утврдил дека објектите се нелегално подигнати. Пред неколку години во кафуле кое се граничи со имотот на Кочјан избил пожар поради неисправни електрични инсталации во кој загинале 11 луѓе. И тој објект бил изграден без дозвола, па сопствениците на кафулето завршиле зад решетки. За да се избегнат во иднина слични инциденти, локалните власти одлучиле да ги срушат сите опасни градби. Кочјан инаку, пред апсењето самиот се обратил на еден очевидец кому со смирен глас му објаснил што се случило, пренесува РТ.

Убиените се Алберт Агозјан (35) и Андроник Мативосјан (36), а уште еден нивен колега го преживеал нападот.

Ова не се продава, јас не сум за продажба. Ова е мое. Тоа е земјата на моите родители, земја на моите деца. Имам 61. година и не жалам за тоа што го сторив, рекол Кочјан.

Тој додал дека се обидел да најде решение на суд, но се било залудно.

Според локалните медиуми Кочјан со пушка ги чекал извршителите цела ноќ, а кога стигнале отворил оган.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.