Со одлука на Обединетите нации од 2005 година, 27 јануари, датумот на кој во 1945 година е ослободен логорот на смртта Аушвиц, формирана е Меѓународна алијанса за сеќавање на холокаустот(ИХРА).

Антисемитизмот во текот на Втората светска војна доживува кулминација, а вредно е да се напомне дека Евреите во Европа со векови претходно се цел на дискриминација, а неретко биле протерувани, злоставувани и убивани поради својата религија. Сепак, уништувањето организирано од нацистичка Германија е без преседан во човековата историја. Само во Аушвиц се системски убиени над милион Евреи, додека во сите останати концентрациони логори околу 6 милиони.

На 27 јануари во 1945 година, советските трупи од победничката Црвена армија влегуваат во Аушвиц, каде ги ослободуваат малубројните преживеани.

Инаку, судбината на македонските Евреи е врзана за логорот Треблинка, каде од страна на тогашната бугарска фашистичка власт и со вагони на Железница на Бугарија, се депортирани 7000 илјади луѓе, а според податоците што се јавно достапни ниту еден од депортираните не го преживеал логорот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.