Припадниците на МВР ја продолжуваат интензивната потрага по хрватскиот државјанин Матеј Периш, чие исчезнување беше пријавено на 31 декември.

Во последните 48 часа припадници на Полициската бригада, Полициската канцеларија за безбедност на реките и Управата за криминалистичка полиција, Полициската управа на град Белград извршија теренски претрес на воениот остров паралелно со хотелот „Југославија“ до „Галиска Бара“.

Српската полиција е максимално ангажирана, ги презема сите мерки и дејствија од нејзина надлежност и не се откажува од потрагата по Метеј Периш.

Во претресот покрај припадници на Полициската управа на град Белград, вклучени се и припадници на Жандармеријата, како и на полициските управи на Панчево, Смедерево и Пожаревац, а преку Интерпол се информирани и полициите од околните земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.