По четири години изградба, Кина го отвори својот најдолг подводен тунел досега, кој е дел од автопатот.

Станува збор за тунел Таиху, долг 10,79 километри, кој се протега под езерото Таиху во источната кинеска провинција Џиангсу.

Владини претставници соопштија дека изградбата на тунелот чинела 1,56 милијарди долари, а работата започнала на 9 јануари 2018 година.

Во изградбата на двонасочниот тунел се употребени 2 милиони кубни метри бетон, а должината на неговите шест ленти е 17,45 метри.

На таванот на тунелот има LED осветлување во бои дизајнирани да го спречат заморот на возачот.

Тоа е дел од автопатот Чангжу-Вукси долг 43,9 километри, кој исто така беше пуштен за сообраќај во четвртокот, пишува Klix.ba.

 

 

Овој автопат е алтернатива за патниците кои патуваат помеѓу Шангај и Нанџинг.

Новиот автопат има задача да го намали сообраќајниот притисок врз градовите покрај езерото Таиху, како и да го промовира урбаниот развој во делтата на реката Јангце.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.