Ракометарите од младите категории на македонскиот вицешампион, Еурофарм Пелистер, за подарок од клупскиот претседател Зоран Стерјев во новата 2022 година ќе го добијат автобиографското дело на македонската ракометна легенда, Кире Лазаров.

Автобиографијата на Лазаров која ќе се најде во рацете на младите ракометари е насловена „Секогаш на победа“, а ќе биде потпишана специјално за пригодата од актуелниот капитен и селектор на македонската репрезентација.

Книгата претставува учебник за секој млад ракометар. Лазаров својата ракометна репутација ја стекна како член на нашиот клуб. Настапуваше во Битола од 1997 до 2000 година и ги освои сите можни трофеи во македонскиот ракомет. Тој е омилен меѓу нашите фанови, приврзаниците на Пелистер и македонските љубители на ракометот. Затоа сметаме дека овој подарок е соодветен за оваа пригода – соопштија од ракометниот клуб од Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.