среда, 25 мај 2016 | Вести денес: 44 ново

Ачковска: Народот не греши, мудар е и не дозволува никој да си игра со него

1101537210205991750855888167866117n
Граѓанското движење за одбрана на Македонија вечерва одржа трибина во Домот на културата во Кавадарци.

Универзитетската професорка Виолета Ачковска во своето обраќање истакна дека треба цврсто да се застане зад македонското национално единство и оти заднината на сето тоа што се прави е разнебитување на македонското национално ткиво.

– Тоа сакаат и сега да ни го направат со целата оваа трагикомедија која се случува од оваа бескрвна и безидејна опозиција. Заднината на сево ова што се прави е многу страшна. Тотално разнебитување на македонското национално ткиво – рече Ачковска додавајќи дека е многу полесна одбраната од надворешниот отколку од внатрешниот непријател.

Како граѓанско движење, додаде Ачковска, сметаме дека сите политички борби треба да се одвиваат во Парламентот.

– Треба да се почитува волјата на граѓаните на Република Македонија. Тие знаат да наградат и да казнат. Народот не греши, мудар е и не дозволува никој да си игра со него – рече Ачковска.

Таа изрази надеж дека во опозицијата ќе се најдат чесни луѓе кои ја сакаат Македонија.

– Сето тоа прислушување би било смешно доколку не е смислено за да го наруши угледот на нашата држава и да ја направи ранлива – додаде таа.

Top