понеделник, 15 септември 2014 | Вести: 0

Сменете ја лозинката ако имате е-пошта на „Јаху“ – хакери го нападнаа и украдоа милиони лозинки

yahoo

Американската компанија „Јаху“ ги информира своите корисници дека нејзиниот систем за електронска пошта бил цел на хакерски напад, при кој се украдени податоци за кориснички имиња и лозинки.

Според соопштението на компанијата, овие податоци биле употребени за да се соберат лични информации за луѓе, со кои корисниците на „Јаху“ контактирале преку електронската пошта во последниот период.

Компанијата не информира колку податоци со кориснички имиња и лозинки се украдени при хакерскиот напад, но соопшти дека моментно соработува со безбедносни органи за да бидат пронајдени напаѓачите и да одговараат за криминалот.

Поради заштита на личните податоци, корисниците на „Јаху“ се повикани освен лозинките да го исклучат и пристапот до електронската пошта од мобилните телефони и на тој начин да не дозволат двојна идентификација.

На „Јаху“ се регистрирани 273 милиони електронски пошти, од кои 81 милион во САД.