четврток, 27 ноември 2014 | Вести: 144

Пастеризираниот леб трае подолго

Постојат повеќе техники кои обезбедуваат зачувување на квалитетот и хранливата вредност на храната, како и проширување на рокот на траење на истата. Такви техники се пастеризацијата и стерилизацијата. Бидејќи обете користат топлина како главен извор на енергија, за да ги променат условите во храната (уништување на микроорганизмите и нивните спори или спречување на нивниот раст), спаѓаат во техники за термичка обработка.

Така, стерилизацијата е техника која користи релативно високи температури, со цел продолжување на рокот на траење од неколку месеци. Се уништуваат вегетативните клетки и спори на многу микроорганизми, се менуваат карактеристиките на храната и притоа се уништуваат нејзините хранливи материи.

Додека, пастеризацијата подразбира топлинско третирање на храната, којa уништува дел од нејзините микроорганизми. Поточно, примарна цел на пастеризацијата е да се уништат или отстранат патогените бактерии и микроорганизми и да се намали ензимската активност во производот.

Процесот на пастеризација зависи од тоа колкава е отпорноста на топлина на одделни микроорганизми, како и чувствителноста на топлина на самиот производ. Затоа постојат два главни видови на пастеризација: висока температура, кратко време и ниска температура, подолго време или третман-продолжен рок на траење.

Пастеризацијата се почесто се користи како метод за заштита на храната на подолг временски период и бидејќи се одвива при не многу високи температури, не се губат квалитетните карактеристики на состојките на храната, ниту пак истата го губи или менува својот вкус и состав. Еден од најчестите производи кој се пастеризира е млекото. Покрај него и соковите, сирењето и млечните производи, конзервираната храна, сирупи, ниско алкохолни пијалаци, вино, путер и многу други, исто така подлежат на пастеризација.

Во поново време, лебот е производ на кој е почнато да се применува процесот на пастеризација. Всушност, сите видови леб, обично се погодени од два фактори – мувла и влага, кои придонесуваат за намалување и губење на квалитетот на лебот. Откако лебот ќе излезе од печка, спори од мувла, што природно се наоѓа во животната средина се сместуваат на него. Во текот на неколку дена, мувлата расте на нетретираниот леб. Како превенција, многу пекарски индустрии користат хемиски супстанции како калциум пропионат. Овие дополнителни хемикалии може да се избегнат токму со пастеризацијата.

Нашиот најголем производител на леб, „Жито Лукс“, е единствениот кај нас кој го користи процесот на пастеризација на одредени видови на леб.

- Сите тост лебови како и одредени специјални лебови, како што се Грахам, Баварски, Нутри интегрален со сончоглед, ги подложуваат на процес на пастеризација. По печењето, лебот се сече, потоа се пакува и се изложува на т.н. повторно печење на посебна температура, во одреден временски интервал. Тоа е процес на пастеризација кој овозможува да се одржи свежината на лебот со недели без употреба на хемикалии и конзерванси. Покрај сочувувањето на природната свежина, карактеристична за првиот ден од производството на лебовите, со овој процес на пастеризација обезбедуваме и микробиолошка исправност на лебот, во декларираниот рок на траење. Дополнително, двојното пакување на тост лебовите, исто така, помага во одржување на природната влажност на лебот подолг временски период. На овој начин тост лебовите остануваат свежи и до 15 дена без употреба на конзерванси – изјавуваат од „Жито Лукс“.