среда, 1 октомври 2014 | Вести: 92

Вугринец и Прибак ќе го облечат македонскиот репрезентативен дрес

Renato-Vugrinec-1

Ренато Вугринец и Немања Прибак ќе бидат дел од македонската ракометна репрезентација на претстојното Европско првенство во Данска, пишува весникот „Вест“. Словенецот кој настапува за Металург и Србинот кој пак е дел од шампионот Вардар, прифатиле да го носат дресот на нашата репрезентација, а Ракометната федерација на Македонија тоа ќе го потврди на најавената прес-конференција.

Селекторот Ивица Обрван ќе го соопшти поширокиот состав за ЕП во Данска кое започнува следниот месец, а Вугринец и Прибак ќе бидат засилувања на бековските позиции. За конечна реализација на овој потег, РФМ ќе треба да заврши уште одредени формалности, пренесува „Вест“.
Вугринец последен пат играше за Словенија пред четири години, додека последниот настап на Прибак за Србија е во 2011 година.