петок, 31 октомври 2014 | Вести: 116

Весна Петрушевска: Јас сум Деми Мур

-Сум размислувала да имам помлад партнер и мислам дека тоа не би ми бил никаков проблем. Уште утре ќе испринтам маица со натписот: “Јас сум Деми Мур“ – вели актерката Весна Петрушевска во интервју за магазинот Свет, одговарајќи на прашањето дали и се пуштаат помлади мажи.

Иако многумина мислеа дека разводот со сопругот Јанко, ќе ја скрши, изгледа дека е Петрушевска, е посилна од кога и да, и со нова енергија чекори кон остварување на приватните и работните планови.