четврток, 18 септември 2014 | Вести: 126

Бракот на семејството Броз го упропасти љубомората на Јованка

Јованка Будисављевиќ за Јосип Броз Тито се омажила во далечната 1952 година и со него живееше сѐ до неговата смрт во 1980 година. Од него била помлада дури 32 години. Првите години од бракот минувале во слога, но набрзо таа сфатила дека Тито не сака да има деца со неа, а не и дозволувал да се меша во политичките одлуки што тој ги донесувал. Немала добри односи и со поширокото семејство на Тито. Во 1972 година почнало да се говори и за развод меѓу сопружниците

Бракот меѓу сопружниците Броз го упропасти љубомората на Јованка, коментираат блиски на семејството на Тито и Јованка. Поранешната сопруга на маршалот Тито почина денеска во Белград. Медиумите во Србија сега се полни со приказни за животот на Тито и Јованка.

tito-jovanka11

Јованка Будисављевиќ за Јосип Броз Тито се омажила во далечната 1952 година и со него живееше сѐ до неговата смрт во 1980 година. Од него била помлада дури 32 години. Првите години од бракот минувале во слога, но набрзо таа сфатила дека Тито не сака да има деца со неа, а не и дозволувал да се меша во политичките одлуки што тој ги донесувал. Немала добри односи и со поширокото семејство на Тито. Во 1972 година почнало да се говори и за развод меѓу сопружниците.

Јованка патолошки го сакала Тито и често му правела сцени. Поради тоа Тито во 1973 година дури основал и комисија чија задача била да ја испита здравствената состојба на Јованка. Тоа многу ја повредило.

Во тоа време Тито имал две медицински сестри, Дарјана и Радојка, а таа посинувала од љубомора. Говорела дека се чувстува отфрлено, како жена и сопруга и тоа после 30 години. „Наместо мене, тој, другарот претседател, ги сака тие две девојки“, велела Јованка.

На 11 февруари 1975 година била објавена белешката за здравствената состојба на Јованка. Меѓудруго пишува: „Животот и здравјето на другарот Претседател се загрозени поради сегашните и можните идни постапки на другарката Јованка“.

Комисијата соопштила дека постои реална опасност таа да му науди на Тито, односно, конкренто – да пука во него, да го нападне со тап предмет или со нешто друго. Заклучокот бил – под итно да се отстрани од Тито!

Големиот судир меѓу Тито и Јованка се случил подоцна, во 1975 година, кога претседателот на тогашна СФРЈ во влечки ја напуштил нивната резиденција во „Ужичка“ број 15 и се преселил во Белиот двор. Сведоците на караницата се сеќаваат дека Тито тогаш ѝ влепил шланканица на Јованка и тоа било почеток на нивниот крај. Последните две години од животот Тито ги мина во својот кабинет во Куќата на цвеќето. Тито се обидел да ѝ пријде во 1977 година, по турнејата од СССР, но таа му го фрлила подарокот што тој го донел за неа. Тоа била нивна последна средба. Кога Тито во почетокот на 1980 година завшрил во љубљанскта болница, потпретседателот на СФРЈ Лазар Колишевски ја информирал Јованка за состојбата, но таа не се вознемирила и сакала разговорот да го сврти на нејзина корист, наместо за Тито.