вторник, 2 септември 2014 | Вести: 131

Во Битола ќе се отвори албански конзулат

Според извори блиски на албанскиот премиер Еди Рама, градот на конзулите наскоро ќе добие и албански конзулат. Конзулатот е предвиден да се отвори на 22-ри ноември, денот на албанската азбука, пренесуваат албанските медиуми, меѓутоа и ако не се стигне до тогаш, сигурно е дека ќе биде отворен до почетокот на новата година.