недела, 23 ноември 2014 | Вести: 56

Актери, музичари, новинари, политичари на скопската премиера на „Соба за пијано“ (видео)

Актерите Васил Зафирчев, Нино Леви, Игор Стојчевски,  Никола Ристановски, пејачките Олгица Христовска и Викторија Лоба, музичарот Влатко Стефановски, пратеникот Јани Макрадули, водителот Жаре Бербер, новинарот Борјан Јовановски и неговата сопруга Амернис Нокшиќи, новинарот Драган Павловиќ Латас со сопругата се само дел од гостите кои вечерва присуствуваа на скопската премиера на филмот „Соба за пијано“, кој синоќа ја имаше својата премиера на отворањето на фестивалот „Браќа Манаки“. 

На премиерата во Скопје дојде и советничката на Бранко Црвенковски, Наташа Савова, која е поранешна сопруга на продуцентот Томи Салковски. Таа се појави со нивната ќерка.

Вечерва во кино Милениум скопјани имаа можност да го видат новиот филм на режисерот Игор Иванов-Изи.