недела, 23 ноември 2014 | Вести: 1

Арапската лига повикува на напад на Сирија

uss brodovi sirija

Министрите за надворешни работи на Арапската лига ги повикаа ОН и меѓународната заедница да преземат акција против сирискиот режим заради наводниот напад со хемиско оружје близу Дамаск.

Арапските држави не повикаа на воени удари, што беше предлог на САД, во момент кога има поделба во таа организација каде што неколку држави се спротивставуваат на странска интервенција во Сирија.

– ОН и меѓународната заедница се повикуваат да преземат своја одговорност во согласност со Повелбата на ОН и меѓународното право, преземајќи неопходни мерки за спречување – се вели во соопштение по состанок во Каиро.

Министрите наведуваат дека сирискиот режим е одговорен за нападите со хемиско оружје во кои се убиени стотици луѓе. Арапската лига смета дека оние што се одговорни за напади со хемиско оружје во Сирија, мора да им биде судено пред меѓународен суд.